Придонесот на училишните литературни дружини и културно уметнички друштва за појавата на македонската драмска литература помеѓу двете светски војни
Трудот ја анализира улогата на училишните литературни и драмски дружини во Македонија во периодот меѓу двете светски војни и нивниот придонес во развојот на македонската литература и театар на македонски јазик. Се истакнува дека овие дружини, формирани во гимназиите и другите училишта, претставувале центри за културна активност и творештво, каде младите автори ги правеле своите први литературни и драмски обиди. Посебно внимание се посветува на влијанието на социјалната литература во 1930-тите години, како и на појавата на автори како Кочо Рацин, Васил Иљоски и Ристо Крле, кои токму во овие средини ги стекнале своите први искуства. И покрај тешките општествено-политички услови и ограничувањата од власта, културниот живот бил активен, а драмските секции и аматерските театри одиграле значајна улога во развојот на сценската уметност. Заклучокот укажува дека овие дружини биле значаен фактор во формирањето на македонската современа литература и драмска традициј
Authors
- Oliver Cackov
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2026-05-11
- Type
- article