Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит
Вовед: Цревна микробиота - популацијата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот. Двете главни карактеристики на цревната микробиота се богатство и разновидност; Богатсво – вкупниот број на присутни бактериски видови (x3 > од бројот на клетки во телото) Разновидност - бројот на индивидуални бактерии од секој од присутните бактериски видови. Составена од приближно 600 различни бактериски видови, од кои 98% потекнуваат од две доминантни фили, Bacteroidota и Firmicute. Цревниот микробиом (над 22 милиони гени) е приближно 10 пати поголем од геномот на човекот. Развојот на цревната микробиота започнува во феталниот период- Детекција на бактериска ДНК во плацентата, амнионската течност и мекониум. Материјал и методи: Физиолошки процеси: варењето, метаболизмот, регулирањето и созревањето на имунолошкиот систем. Mодулирање на орална толеранција преку намалување на циркулирачки базофили, промовирање на интегритетот на епителната бариера и индуцирање на диференцијација на T регулаторни лимфоцити. Резултати: Биосинтеза на егзополисахариди: промовирање на формирањето на биофилм што ја олеснува колонизацијата на епителот и ја зголемува шансата за преживување на бактериите, пребиотски ефект, како и имуномодулаторна активност преку намалена секреција на инфламаторни цитокини (TNF-α, IL-6, IL-1β), го подобруваат интегритетот на интестиналната епителна бариера. Плазмид кодираните протеини на површината на клетките L. casei LOCK 0919 го зголемуваат адхезивниот потенцијал на бактеријата, ја олеснуваат колонизацијата и ја продолжуваат перзистенција во цревата на домаќинот. Обезбедуваат конкурентска предност во однос на другите бактерии (вклучувајќи ги и патогените). Стимулираат експресија на ZO-1 протеините во илеумот. Заклучок: Употребата на пробиотици го намалила SCORAD индексот за повеќе од 50% во однос на нивото пред третманот. Во контролната група SCORAD индексот е намален за само 10 поени. Независно од типот на алергијата значајно намалување на SCORAD индексот е најдено само во групата која примала пробиотици.
Authors
- Marija Dimitrovska Ivanova
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2026-04-24
- Primary Topic
- Immunotoxicology and immune responses
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00