Хуманистичките аспекти во романот „Калеш Анѓа“ од Стале Попов
Романот „Калеш Анѓа“ од Стале Попов е литературно дело со длабока историска и етичка вредност кое ја прикажува борбата за слобода на македонскиот народ и зачувувањето на човечкото достоинство. Овој труд се фокусира на хуманистичките апекти застапени во романот, разгледувајќи ги притоа личните избори, моралната сила и вредностите на главниот лик – убавата Мариовка Анѓа. Преку анализа на нејзината непокорност пред османлиската власт, се истакнуваат универзалните човечки вредности: правото на слобода,зачувувањето на личниот и националниот идентитет, љубовта кон татковината и истрајноста пред неправдата. Паралелно со неа, се среќаваме и со хуманистичките карактеристики на Мехмет-паша Соколовиќ во чијшто лик се преплетуваат моќта на османлискиот државник и длабоките човечки вредности. Иако е дел од османлиската власт, Мехмет-паша не е претставен како суров тиранин, туку како човек кој ги цени достоинството, честа и човечките чувства. Тој има пошироко сфаќање за различните култури и религии при што неговиот однос не е исполнет со омраза туку со обид да најде човечка врска меѓу различностите. Овој труд потврдува дека романот „Калеш Анѓа“ претставува историски приказ кој испраќа силна хуманистичка порака која важи и надвор од она време во кое тој е создаден. Клучни зборови: хуманизам, Калеш Анѓа, Мехмет-паша, борба за слобода,човечко достоинство.
Authors
- Ivana Koteva
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-12-01
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00