Одредување на pH вредноста и присуството на фосфати во плунка кај 8-9 годишни деца при користење на mizuha четките
Вовед: Пуферскиот капацитет на плунката е многу важен индикатор за низа орални и системски заболувања. pH вредноста на плунката е во дијапазон од 6.2-7.6, ондосно во просек 6.7. Нестимулираната плунка има вредност од околу 6.3. Сепак вредноста на pH има дневни варијации во корелација со типот на храна и голем број на фактори присутни во оралната празнина. Цел на трудот: да се направи споредба меѓу вредностите на фосфати и pH на плунката пред и по четкање на забите кај 8-9 годишни деца со Mizuha Fuji четките и мануелните четки за заби. Материјал и метод: Во студијата беа вклучени 114 деца на 8-9 година вредност кои беа поделени во 3 групи, односно по 38 деца во секоја група. Беа користени мануелни четки за заби и Mizuha Fuji четки. Одредувањето на присуството на фосфатите во плунка пред и по четкањето беше направено со phosphomolybdate /uv спектрофотометриски. Вредностите на pH на плунката пред и по четкањето на забите беше одредена со помош на pH метар LLG-pH meter 7. Резултати: Резултатите покажаа дека во просек pH на плунката пред четкање на забите изнесува околу 7.174, додека пак после четкањето околу 7.593. Во однос на фосфатите пред и по четкање на забите, нивното присуство при низок pH ја зголемува неговата вредност, додека пак при висока вредност на pH, интеракцијата на фосфатите ја намалува неговата вредност. Заклучок: Присуството на фосфатите пред и по четкањето на забите заклучивме дека се во корелација со pH вредноста на плунката како и тоа дека нивното присуство зависи од тоа дали е употребена или не паста за заби богата со флуориди. Пред четкање на забите имаме понизок pH, односно повисока pH вредност по четкање на забите. Клучни зборови: плунка, фосфати, pH вредност, Mizuha Fuji четки
Authors
- Jasna Simonoska (ORCID: https://orcid.org/0000-0001-8010-4093)
- Elizabeta Gjorgievska (ORCID: https://orcid.org/0000-0002-9342-5782)
- Elena Radeska
- Bruno Nikolovski
- Aneta Terzievska
- Aleksandar Dimkov
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-09-18
- Primary Topic
- Child Nutrition and Feeding Issues
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00