Пренасочување на логистичките рути и адаптација на шпедитерските компании како одговор на царинските бариери
Во услови на зголемени геополитички тензии и протекционистички економски политики, царинските бариери стануваат сè почест инструмент на трговска регулација. Овој труд ги анализира стратегиите за пренасочување на логистичките рути и адаптацијата на шпедитерските компании како реакција на овие бариери. Истражувањето се фокусира на конкретни примери од глобалната трговија, како што се трговската војна меѓу САД и Кина, и влијанието на новите царински режими врз испораката, времето на транспорт и оперативните трошоци. Се разгледуваат и технолошките иновации, алтернативните коридори, како и диверзификацијата на пазарите и снабдувачките синџири како клучни адаптивни механизми. Трудот нуди критичка проценка на одржливоста на овие стратегии и нивната улога во обезбедување на континуитет на логистичките процеси во нестабилна регулаторна средина. Заклучокот е дека флексибилноста, дигитализацијата и проактивното планирање се неопходни предуслови за конкурентноста на шпедитерските компании во ерата на зголемена царинска фрагментација. Клучни зборови: алтернативни коридори, дигитална логистика, адаптивни стратегии, снабдувачки синџири
Authors
- Mimoza Serafimova
- Drasko Atanasoski
- Slavica Ristovska
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-05-07
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00