Kнижевните текстови со историска и естетска определба застапени во наставата по историја
Во трудот се претставени придобивките и значењето на книжевните текстови со историска и естетска определба во наставата по историја. Преку нив на учениците им се доближува историското минато, се зголемува интересот за историските настани и се поттикнува развој на способности за набљудување, доживување, мотивирање, самостојно формирање заклучоци и стекнување нови извори на знаење. Во рамките на темата се наведени примери од книжевни текстови на познати македонски автори, создадени во определени временски периоди, кои претставуваат вреден и корисен материјал во наставата по историја. Овие текстови се своеобразни извори и за историската наука, и за наставниците, и за учениците.Преку книжевно-историските текстови учениците стекнуваат морални и естетски вредности, а делата што го опишуваат подвигот на македонските револуционери, херои и борци, кои оставиле светли страници во историјата на македонскиот непокор, остануваат трајно втиснати во нивната колективна меморија. Клучни зборови: учител, историја, меморија, настава, текстови, духовен живот.
Authors
- Oliver Cackov
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-12-01
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00