Топикална примена на Tincturae capsici во третманот на Alopecia areata:Приказ на студија на случај
Alopecia areata претставува хронично имунолошки посредувано нарушување кое се карактеризира со реверзибилна загуба на влакна, бидејќи се смета дека фоликулите на влакната сѐ уште се интактни и влакната може да се обноват. Причините за појава на ова заболување се често поврзани со автоимуни промени, психолошки притисок или стрес. Стандардните третмани вклучуваат администрација на лекови кортикостероиди и имуносупресиви, коишто може да предизвикаат сериозни несакани ефекти. Капсаицинот, алкалоид добиен од Capsicum annuum L., покажува вазодилататорни, имуномодулаторни и невропептидно-активирачки својства. Во овој контекст, локалната апликација на капсаицин може да ја стимулира локалната циркулација, а со тоа да ја модулира перифоликуларната инфламација и да поттикне раст на влакна. Овој приказ на случај опишува 60-годишна пациентка со фокална A. areata, дијагностицирана од дерматолог кој во соработка со фармацевт предложил локален третман со 10% лосион од Tincturaе Capsici. Магистралниот препарат подготвен во аптека во форма на лосион е препорачано да се користи еднаш дневно, навечер, со нанесување на влажна коса со благи масажи на скалпот. Пациентката пријавила дека по апликацијата на лосионот почувствувала благо пецкање и топлина на скалпот, што е очекувано поради рубифациентното дејство на капсаицинот. По четири недели пациентката пријавила дека има умерено стопирање на опаѓањето и благ раст на нови влакна. Овој случај покажува дека капсаицинот претставува ветувачки етнофармаколошки пристап во третманот на алопецијата. Сепак, се препорачуваат понатамошни клинички испитувања за потврда на неговата ефикасност и безбедност.
Authors
- Elena Jovanova
- Vesna Stavrova
- Sonja Koceva
- Viktorija Maksimova
- Martina Gjorgjievska Kamceva
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-09-27
- Primary Topic
- Hair Growth and Disorders
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00