Инциденца и преваленца на јувенилен дијабет на територијата на општина Струмица во период од 2019-2023 год
Јувенилен дијабетес или дијабетес Тип 1, или инсулин зависен дијабетес, се јавува во детството и сочинува околу 5% од сите дијагностицирани случаи на дијабетес, вклучувајќи и дијабетес Тип 2, порано нарекуван инсулин независен или дијабетес кој се јавува кај возрасни. Гестацискиот дијабетес може да се дијагностицира кај 2-10% од трудниците, истиот доколку не се лекува може да го загрози здравјето на мајката и детето и да го зголеми ризикот од дополнителни компликации. Раната дијагностика е посебно важна кај оваа група на пациенти, истата нуди можност за навремено лекување и намалени компликации како што се: дијабетична невропатија, коронарна болест, гастроинтестинални компликации,дијабетична нефропатија и сл. Лекувањето се состои од таблетарна и инсулинска терапија. Цел на трудот е да се прикаже инциденцата и преваленцата на јувенилен дијабет во периодот од 2019-2023 год на територијата на Општина Струмица. Материјал и методи: Користени се податоци од ЈЗУ Општа болница во Струмица и опфатени се деца на возраст од 1-15 год. Резултати: Во периодот од 2019-2023 год во ЈЗУ Општа болница во Струмица, дијагностицирани се 14 деца на различна возраст со јувениелен дијабетес или дијабетес тип 1, од кои 9 се машки а 5 женски. Значителен пораст на бројот на заболени се забележува во периодот по COVID 19 пандемијата. Заклучоци: Раната дијагностика и навремена терапија се од исклучителна важност кај оваа група на пациенти. Покрај медицинската грижа и терапијата кои ја примат овие пациенти значајна е и психолошката подршка кое треба да им се дава со цел децата да разберат и прифатат оваа болест. ЈЗУ Општа болница Струмица располага со медицински, стручен и кадровски екипиран тим кој секојдневно е во соработка со оваа група на пациенти.
Authors
- Viktorija Koteska
- Nevenka Velickova
- Emilija Koteska
- Zorica Kirovska
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-05-16
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00