Анализа на ефектите од данокот на солидарност
Законот за данок на солидарност во Северна Македонија за првпат беше донесен по периодот на COVID-19, во 2023 година. Овој закон е во согласност со Регулативата (ЕУ) 2022/1854 на Советот од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за справување со високите цени на енергијата. Еднократниот данок на солидарност се применуваше на даночните обврзници чии вкупни приходи во 2022 година го надминуваа износот од 615 милиони денари (10 милиони евра). Даночната стапка беше утврдена на 30% за обврзниците што го исполнуваат прагот на приходи, а данокот се сметаше како приход на државниот буџет. Даночните обврзници беа должни да ја утврдат даночната основа согласно овој закон и да ја поднесат даночната пријава до Управата за јавни приходи најдоцна до 25 септември 2023 година, датум кој истовремено претставува и ден на објавување и влегување во сила на законот. Со оваа постапка се доведе во прашање основниот принцип на оданочување – забраната за ретроактивност
Authors
- Kristina Miseva
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-09-25
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00