„Уметничката транспозиција на фолклорот изразена преку употреба на фолклорните елементи во делото „Стара песна“, Концертни сцени за симфониски оркестар, опус 27 од композиторот Тома Манчев“- Научна конференција „Струшка музичка есен“
Жанровската припадност на делото „Стара песна“од композиторот Тома Манчев, претставува програмско – своевидна структура во вид на интеграција на сцени од историското минато и сегашност на македонскиот народ. ,,Во делото ,,Стара песна”, композиторот Тома Манчев на доследен начин се потпира врз аликвотите на фолклорот, поривајќи во неговите длабоки слоеви и врз асоцијациите на неговиот инструментариум и мелодиско ритмички идиом со што на оркестарот му овозможува интересно совршено себепрепознавање. Се соочуваме со надворешно економичен, но и внатрешен богат исконски блесок на музичкиот израз”1. Во трудот ќе се издвојат покарактеристични места избрани од партитурата на делото, со објаснување за присутноста и употребата на фолклорните елементи и нивните особености изразени од аспект на: тембар, фактура, оркестрација, како и функција на употребените музичките инструменти дадени во примерите. Клучни зборови: уметничка транспозиција, музички фолклор, функција и улога на музичките инструменти, употреба на фолклорни елементи, македонско современо творештво.
Authors
- Goce Gavrilovski
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2024-09-20
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00