Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија

Вовед. Постпарталната хеморагија (ППХ) е водечка причина за мајчински морбидитет и морталитет, претставувајќи сериозен глобален предизвик и во развиените и во земјите во развој. Најчесто настанува поради атонија на матката, но значајни етиолошки фактори се и ретинална плацента, повреди на породилниот канал и коагулопатии. Според Светската здравствена организација, активниот менаџмент на третата фаза од породувањето е најефикасна превентивна мерка, со потенцијал да го намали ризикот за ППХ за повеќе од 60%. Во овој контекст, улогата на акушерката е суштинска бидејќи таа е првата што го препознава крварењето и веднаш иницира интервенции. Цел. Да се прикаже значењето на акушерката во превенцијата на ППХ преку анализа на клиничките податоци и практики на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, како и преку споредба со меѓународните протоколи. Методологија. Истражувањето е спроведено во 2024 година и опфати анализа на 22 случаи со ППХ. Користени се архивски медицински податоци, со примена на аналитички и дескриптивен метод, статистичка обработка и графичка презентација. Податоците се споредени со релевантни извори на СЗО, FIGO и со современа научна литература. Резултати. Од вкупно 22 случаи, 11 беа по спонтано породување, 7 по царски рез и 4 завршија со хистеректомија. Атонијата на матката беше најчеста причина кај спонтаните породувања, каде што во повеќето случаи се применуваше вагинална тампонада. Кај царските резови доминираше placenta previa, често придружена со потреба од тампонада на матката и вагината. Најтешките случаи беа поврзани со PAS синдром и ruptura uteri, каде што беше неопходна субтотална или тотална хистеректомија, со крвозагуба до 5 литри. Во сите случаи акушерките имаа клучна улога во следење на виталните параметри, администрирање на утеротоници, обезбедување венски пристап и поддршка во ресусцитацијата. Заклучоци. ППХ останува сериозен акушерски предизвик, но навремената интервенција од страна на акушерката претставува клучен фактор за спасување на животот на родилката. Резултатите потврдуваат дека континуираната едукација, симулациските обуки и стандардизираните протоколи се основа за подобрување на исходите. Акушерката не само што е првата што го препознава крварењето, туку и носител на превентивниот пристап во секојдневната клиничка пракса. Клучни зборови: постпартална хеморагија, акушерка, превенција, атонија на матката, утеротоници, placenta previa, хистеректомија

Authors

Publication Details

Journal
Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Published
2025-10-17
Primary Topic
Maternal and fetal healthcare
Type
article
Field-Weighted Citation Impact
0.00
Controls
|||
ALL TIME
JAN
FEB
MAR
APR
MAY
JUN
JUL
AUG
SEP
OCT
article

Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија

Gordana Kamceva, Sanja Buklisheva
Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Maternal and fetal healthcare
article

Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија

Gordana Kamceva, Sanja Buklisheva
article en

Abstract

Вовед. Постпарталната хеморагија (ППХ) е водечка причина за мајчински морбидитет и морталитет, претставувајќи сериозен глобален предизвик и во развиените и во земјите во развој. Најчесто настанува поради атонија на матката, но значајни етиолошки фактори се и ретинална плацента, повреди на породилниот канал и коагулопатии. Според Светската здравствена организација, активниот менаџмент на третата фаза од породувањето е најефикасна превентивна мерка, со потенцијал да го намали ризикот за ППХ за повеќе од 60%. Во овој контекст, улогата на акушерката е суштинска бидејќи таа е првата што го препознава крварењето и веднаш иницира интервенции. Цел. Да се прикаже значењето на акушерката во превенцијата на ППХ преку анализа на клиничките податоци и практики на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, како и преку споредба со меѓународните протоколи. Методологија. Истражувањето е спроведено во 2024 година и опфати анализа на 22 случаи со ППХ. Користени се архивски медицински податоци, со примена на аналитички и дескриптивен метод, статистичка обработка и графичка презентација. Податоците се споредени со релевантни извори на СЗО, FIGO и со современа научна литература. Резултати. Од вкупно 22 случаи, 11 беа по спонтано породување, 7 по царски рез и 4 завршија со хистеректомија. Атонијата на матката беше најчеста причина кај спонтаните породувања, каде што во повеќето случаи се применуваше вагинална тампонада. Кај царските резови доминираше placenta previa, често придружена со потреба од тампонада на матката и вагината. Најтешките случаи беа поврзани со PAS синдром и ruptura uteri, каде што беше неопходна субтотална или тотална хистеректомија, со крвозагуба до 5 литри. Во сите случаи акушерките имаа клучна улога во следење на виталните параметри, администрирање на утеротоници, обезбедување венски пристап и поддршка во ресусцитацијата. Заклучоци. ППХ останува сериозен акушерски предизвик, но навремената интервенција од страна на акушерката претставува клучен фактор за спасување на животот на родилката. Резултатите потврдуваат дека континуираната едукација, симулациските обуки и стандардизираните протоколи се основа за подобрување на исходите. Акушерката не само што е првата што го препознава крварењето, туку и носител на превентивниот пристап во секојдневната клиничка пракса. Клучни зборови: постпартална хеморагија, акушерка, превенција, атонија на матката, утеротоници, placenta previa, хистеректомија

Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Openalex Percentile: Top 15%
Maternal and fetal healthcare
AI Navigator

Ask Laika to Summarize, Analyze, and Connect papers live on the map.

Summarize Papers & Methodologies

Extract key findings, datasets, and comparative methods across publications.

Benchmark Rankings & Visual Analytics

Rank top research institutions, authors, funders, topics, and journals by Field-Weighted Citation Impact (FWCI) and paper volume with instant charts.

Connect Distant Disciplines

Bridge topological clusters on the map to find hidden collaborative intersections.

Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија — Gordana Kamceva, Sanja Buklisheva · Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip) (2025) | TGRS Research Map | TGRS