Инсектите како биоиндикатори за квалитет на животната средина
Инсектите претставуваат една од најразновидните и еколошки најзначајни групи организми на Земјата. Поради нивната голема разновидност, брза реакција на промените во екосистемите и различните еколошки ниши што ги населуваат, тие овозможуваат навремено откривање на нарушувања предизвикани од антропогени фактори, како што се загадувањето, промената на живеалиштата и климатските влијанија. Преку следење на нивната бројност и присуство на одредени видови, можно е да се процени состојбата на екосистемите и степенот на влијанието на човекот. Водните инсекти од редовите Ephemeroptera, Plecoptera и Trichoptera, како и некои копнени видови од редовите Coleoptera, Formicidae и Lepidoptera, често се користат во биомониторинг програми за оценка на квалитетот на водата, почвата и вегетацијата. Нивната присутност, бројност и видова структура се тесно поврзани со степенот на загадување и квалитетот на средината. Примената на инсектите како биоиндикатори придонесува кон развојот на интегриран биомониторинг, кој обединува биолошки, физички и хемиски податоци за попрецизна еколошка проценка. Овој пристап е особено значаен во време на климатски промени, кога традиционалните методи на следење не секогаш обезбедуваат доволно информации за биолошките последици од деградацијата на животната средина. Во Македонија постои голем потенцијал за воведување биоиндикаторски системи базирани на инсекти во програмите за заштита на водите, почвите и земјоделските екосистеми. Воспоставувањето на долгорочни мониторинг програми, изработката на соодветни стратегии и развојот на стручни кадри би претставувале клучен чекор кон современо и одржливо управување со природните ресурси. Тоа значи дека инсектите не се само показатели за еколошката состојба, туку и стратегиски партнери во заштитата на биодиверзитетот и обезбедувањето на здрава животна средина за идните генерации.
Authors
- Dragica Spasova
- Angela Gorgieva
- Antonio Taskov
- Biljana Atanasova
- Dusan Spasov
- Nadica Madzarova
- Mite Ilievski
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-11-12
- Primary Topic
- Freshwater macroinvertebrate diversity and ecology
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00