Композициската техника алеаторика проследена преку дел од творечкиот опус на Кирил Македонски (1925-1984)
Едно од најзначајните имиња на македонската современа музика е Кирил Македонски, композитор, педагог, музички истражувач и пионер на музикотерапијата во Македонија. Како композитор од една страна се вбројуваат неговите маркантни дела, неколкуте опери, балет, симфонии, симфониската поема „Танчарка“, камерното творештво и секако, првата македонска национална опера „Гоце“, а од друга страна се делата инспирирани од современите композиторски техники што ги изучува во текот на своето образование, понатамошните усовршувања, семинари и соработка со еминентни имиња од современата музичка сцена. Во тој контекст, своевремено Кирил Македонски се издвојува според застапеноста на техниките на компонирање на 20.тиот век, вклучително и композициската техника - алеаторика, која Македонски ја употребува во дела за различни состави. Во овој труд се осврнуваме на видовите алеаторика проследени преку: Мистерија (1974) - за соло контрабас и три метрономи, Антимузика I (црна магија), (1975) - за виолина и контрабас, Петта симфонија (1978) - за современ голем симфониски оркестар со максимум удиралки, две харфи, два клавира и органа, Диверзија (1971) - за а3 симфониски оркестар. Анализата на делата покажа поголема застапеност на апсолутната наспроти ограничената алеаторика, дела со графичка партитура и дела со алеаторични постапки што не исклучуваат повремени настапи на организирана музичка материја со други композициски техники.
Authors
- S. Z. Leshkova
- Valentina Velkovska-Trajanovska
- Mihajlo Sterjev
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-09-20
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00