Улогата на патронажната сестра/техничар во посета и едукација на пациенти со туберкулозa
Апстракт: Овој труд ја истражува улогата и значењето на патронажните сестри/техничари во грижата за пациентите со туберкулоза, со посебен фокус на нивниот придонес кон подобрување на здравствената состојба и успешноста на лекувањето. Главната хипотеза на истражувањето е дека патронажните сестри значително придонесуваат кон поуспешно лекување на пациентите преку едукација, континуирана поддршка и мониторинг на терапијата. За потврда на оваа хипотеза беше применет квалитативен истражувачки пристап, преку спроведување на интервјуа со патронажни медицински сестри и пациенти со туберкулоза. Резултатите покажуваат дека редовните домашни посети, деталната едукација за болеста и терапијата, како и психосоцијалната поддршка што ја обезбедуваат патронажните сестри, значително го подобруваат придржувањето кон терапијата и резултираат со подобри здравствени исходи кај пациентите. Заклучоците од ова истражување ја потврдуваат важноста на патронажните служби како клучен дел од здравствениот систем во борбата против туберкулозата. Дополнително, се препорачува засилување на ресурсите и поддршката за патронажните тимови, со цел да се обезбеди уште поголем позитивен ефект врз лекувањето и спречувањето на ширењето на болеста. Клучни зборови: патронажни сестри, туберкулоза, здравствена едукација, континуирана поддршка, успешност на лекување
Authors
- Gordana Panova
- Dimitar Kostovski
Publication Details
- Journal
- Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
- Published
- 2025-08-29
- Primary Topic
- Military Technology and Strategies
- Type
- article
- Field-Weighted Citation Impact
- 0.00