Најчесто користени локални антимикотични средства во денталната медицина

Габичните инфекции се едни од најчестите инфекции во усната празнина предизвикани од сапрофитната габичка – Candida albicans. Истите може да се манифестираат самостојно локализирани во усната празнина или пак да бидат дел од една системска состојба. Главната цел на ова истражување е да се презентираат најчестите локални (топични) антимикотични агенси кои најчесто се користат во денталната медицина. Локално, оралната кандидијаза може да се третира со помош на различни фармацевтски формулации, како раствори, масти или пак гелови. Како најчесто користен традиционален метод меѓу стоматолозите во третман на оралната кандидијаза се споменува растворот на сода бикарбона (една мала лажичка во една чаша вода). Понатаму, доста често од страна на стоматолозите се препорачува употребата на раствор нистатин. Значајна предност на овој раствор е тоа што истиот по плакнењето на усната празнина може или да се исплука или да се проголта, што влијае и на превенцијата на ширењето на габичната инфекција во дисталните делови на дигестивниот тракт. Овој раствор кај новороденчињата се препорачува да се користи во дози од 5 до 10 капки, кај деца од 10 до 15 капки, а кај возрасни од 20 до 30 капки три пати дневно. Постојат и масти кои ја содржат оваа активна компонента (нистатин) коишто се користат за третман на микотичните ангуларни хеилитиси (воспаленија на аглите на усните). Во третманот на оралната кандидијаза може да се користи и миконазол во форма на гел, со кој се премачкува оралната лигавица 3-4 пати во текот на денот во времетраење од десет дена. Локалните габични инфекции, како едни од најчестите, важно е да бидат навремено препознаени, при што задолжителната консултација со лекар стоматолог е неопходна за нивното успешно третирање и спречување на можни компликации.

Authors

Publication Details

Journal
Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Published
2025-09-25
Primary Topic
Military Technology and Strategies
Type
article
Field-Weighted Citation Impact
0.00
Controls
|||
ALL TIME
JAN
FEB
MAR
APR
MAY
JUN
JUL
AUG
SEP
OCT
article

Најчесто користени локални антимикотични средства во денталната медицина

Papakoca Kiro, Elena Ivceva, Milena Babunska, Mihajlo Petrovski
Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Military Technology and Strategies
article

Најчесто користени локални антимикотични средства во денталната медицина

Papakoca Kiro, Elena Ivceva, Milena Babunska, Mihajlo Petrovski
article en

Abstract

Габичните инфекции се едни од најчестите инфекции во усната празнина предизвикани од сапрофитната габичка – Candida albicans. Истите може да се манифестираат самостојно локализирани во усната празнина или пак да бидат дел од една системска состојба. Главната цел на ова истражување е да се презентираат најчестите локални (топични) антимикотични агенси кои најчесто се користат во денталната медицина. Локално, оралната кандидијаза може да се третира со помош на различни фармацевтски формулации, како раствори, масти или пак гелови. Како најчесто користен традиционален метод меѓу стоматолозите во третман на оралната кандидијаза се споменува растворот на сода бикарбона (една мала лажичка во една чаша вода). Понатаму, доста често од страна на стоматолозите се препорачува употребата на раствор нистатин. Значајна предност на овој раствор е тоа што истиот по плакнењето на усната празнина може или да се исплука или да се проголта, што влијае и на превенцијата на ширењето на габичната инфекција во дисталните делови на дигестивниот тракт. Овој раствор кај новороденчињата се препорачува да се користи во дози од 5 до 10 капки, кај деца од 10 до 15 капки, а кај возрасни од 20 до 30 капки три пати дневно. Постојат и масти кои ја содржат оваа активна компонента (нистатин) коишто се користат за третман на микотичните ангуларни хеилитиси (воспаленија на аглите на усните). Во третманот на оралната кандидијаза може да се користи и миконазол во форма на гел, со кој се премачкува оралната лигавица 3-4 пати во текот на денот во времетраење од десет дена. Локалните габични инфекции, како едни од најчестите, важно е да бидат навремено препознаени, при што задолжителната консултација со лекар стоматолог е неопходна за нивното успешно третирање и спречување на можни компликации.

Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip)
Good health and well-being
Openalex Percentile: Top 22%
Military Technology and Strategies
AI Navigator

Ask Laika to Summarize, Analyze, and Connect papers live on the map.

Summarize Papers & Methodologies

Extract key findings, datasets, and comparative methods across publications.

Benchmark Rankings & Visual Analytics

Rank top research institutions, authors, funders, topics, and journals by Field-Weighted Citation Impact (FWCI) and paper volume with instant charts.

Connect Distant Disciplines

Bridge topological clusters on the map to find hidden collaborative intersections.